Македонија 11. февруари 2021. / 13:33

(ФОТО) Невреме во Битола: Срушени дрвја, оштетени покриви и бандери

(ФОТО) Невреме во Битола: Срушени дрвја, оштетени покриви и бандери

Битола доцна синоќа, па се до раните утрински часови ја зафати невреме проследено со силни ветришта. Таквото невреме предизвика одредени штети.

Во невремето најмногу настрадаа дрвјата, неколку бандери, а имаше и откорнати покриви.

Во центарот за управување со кризи изјавија дека и покрај силното неверме до нив нема пријавено големи штети.

Најмногу штети се пријавени од граѓани за откорнати дрвја, па така денеска најмногу работа имаа работниците на ЈП „Комуналец“.