Македонија 25. јули 2020. / 20:25

(ФОТО) На своето избирачко место Петар Богојески освоил само три гласови

(ФОТО) На своето избирачко место Петар Богојески освоил само три гласови

Петар Богојески од Македонски концепт на изборите кои се одржаа на 15 јули во своето избирачко место во Изборната единица 1 освоил само три гласови.

Според резултатите достапни во електронска форма во Изборната единица 1 членот на Македонски концепт освоил само три гласа што е повеќе од смешно за човек кој за време на изборната кампања изјавуваше неповторлив успех и изборни резултати.

По овој дебакл на социјалните мрежи се појавија и саркастични коментари дека ниту соседите не го гласале Богојески.

Инаку во 2018 година, додека беше почната фазата за промена на името Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан откри дека Петар Богојески гласал на Референдумот за промена на името Република Македонија.