Македонија,Занимливости 31. март 2018. / 13:50

Фото: На иницијатива на Костал се чистеа јавните површини околу плажите

Фото: На иницијатива на Костал се чистеа јавните површини околу плажите

Денеска, со почеток во 10 часот од паркингот кај плажата „ НЕМО“ , започна акција за расчистување на јавните површини околу плажите и пешачката патека до каналот „ Студенчишта“.

Расчистувањето на јавните површини  се реализира на иницијатива на компанијата „ Костал“, а со поддршка на Општина Охрид и ЈП „ Охридски комуналец“ .

По оваа, ќе следат уште неколку акции за расчистување на останатите делови на крајбрежјето, а целта е да се подигне јавната свест за одржување на чистотата, пред и за време на годинашнава туристичка сезона.