На денешен ден пред 77 години, се случи еден од најкрвавите ужасни моменти во нашата понова историја. Имено во месноста Ваташа, во близина на Кавадарци, од страна на бугарскиот фашистички окупатор беа стрелани 12 македонски младинци, сите од Ваташа која никогаш не ги преболи. Тоа Ваташа никогаш не го заборави.
Па така по тој повод, утринава во Ваташа осамнаа графити кои потсетуваат на тој ужасен ден 16 јуни 1943 година, а се дело на „Лозари“ кои имаа своја акција која траеше неколку денови.