Македонија 02. април 2019. / 18:51

(ФОТО) Крсто Мукоски се растопи пред Ципрас

(ФОТО) Крсто Мукоски се растопи пред Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас попладнево во Собранието се сретна со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и им честиташе на осуммината пратеници за визијата и храброста, соопштија од пратеничката група.

-Ни честиташе за нашата визија и храброст, и потенцираше дека со конкретни чекори од кој првиот е денешната историска посета, ќе работиме заедно за создавање пријателство меѓу македонскиот и грчкиот народ-велат од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Осуммината пратеници кои гласаа за уставните измени согласно Договорот од Преспа на Ципрас му ги искажале очекувањата за Грција во евроатланската интеграција на нашата држава, а тој им одговорил дека не само што ќе нѐ поддржат туку и ќе се заложат да бидат водилка по тој пат.

Членови на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска-Старова, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Зеќир Рамчиловиќ и Владанка Авировиќ.