Македонија 01. јули 2019. / 11:21

(ФОТО) Карпош се дави во ѓубре – општината се брани дека не е под нивна надлежност

(ФОТО) Карпош се дави во ѓубре – општината се брани дека не е под нивна надлежност

Расфрлано ѓубре и отпад и лоша миризба од истото- ова е сликата на скопската улица „Скупи“ кај Психијатриската болница Бардовци, објави Курир.

Наместо слободно да се движат по тротоар, жителите се приморани да го заобиколуваат отпадот кој е на сите страни.

Неколку пати за помош се обраќале и до општината Карпош со која раководи градоначалникот Стефан Богоев, но од таму добиле одговор дека тоа е приватна сопственост и не е под нивна надлежност.

Жителите реагираат дека тоа е јавна површина, за која сметка мора да води општината.