Македонија 01. април 2020. / 10:14

(ФОТО) Како изгледа полската болница пред Инфективна однатре?

(ФОТО) Како изгледа полската болница пред Инфективна однатре?

Полската болница пред Инфективната клиника е ставена на готовс. Поставени се кревети, завршено е греењето и ладењето, а до крајот на неделава ќе биде ставена целосно во функција.

Сепак, министерот за здравство вчера соопшти дека се уште нема потреба од користење на нејзините капацитети.

Мобилната болница има капацитет од 130 кревети и сите потребни услови за вршење на здравствена  дејност.