Адвокатот на СДСМ и премиерот Зоран Заев, Филип Медарски, вчера во “Гала Кујна” остварил средба со републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Како што дознава “Лидер” средбата се остварила веднаш по завршувањето на експертскиот состанок во Министерството за правда на кој беше одлучено ОЈО дс ги преземе случаите на СЈО.
Инаку, претходното “сопствено мислење” на Јовески беше дека нерационално истрагите на СЈО да бидат предадени во ЈО. Сега “сопственото мислење” се смени.