Македонија 10. јануари 2021. / 19:55

(ФОТО) Излевање на реката Драгор во битолско, загрозена пумпната станица

(ФОТО) Излевање на реката Драгор во битолско, загрозена пумпната станица

Дводневните интензивни врнежите од дожд во Битола, значително го зголемија нивото на реката Драгор, која се излеа кај местото викано Довлеџик.

По уривањето на дел од брегот сериозно ја загрози пумпната станица на ЈКП „Водовод“, од каде што градот се снабдува со питка вода за пиење.

Во санирање на состојбите се вклучија сите јавни комунални претпријатија на Битола.

По неколку часа акција на терен, од битолски „Водовод“ информираа дека водоснабдувањето се одвива нормален тек и дека квалитетот на водата за пиење е во најдобар ред. Сепак, состојбата ќе се следи и следните денови.

Од УХМР велат дека вечерва повторно се очекуваат врнежи, со што ќе се зголеми водостојот на повеќе реки и препорачуваат да се избегнува движење покрај нив.

-Според најновите информации од хидролошките станици, зголемен е водостојот на реката Треска, кој се очекува и натаму да продолжи да расте, така што предупредуваме на можни локални излевања во тој речен слив. Исто така, зголемен е и водостојот на Пчиња кај Катлановска Бања и предупредуваме на можност од локални излевања на Пчиња, вклучително и на нејзините притоките (Кумановска и Крива) и суводолиците во тој слив. Зголемен е и водостојот на Црна Река во Новаци кој се очекува и понатаму да продолжи да расте и постои можност од локални излевања на нејзините помали притоки и суводолици. Константно е висок водостојот на Радика, Сатеска и на останатите реки во западниот дел од земјата, каде останува опасноста од нивно излевање, посочуваат од УХМР.