По селата и помалите места низ Македонија СДСМ делат флаери, отпечатени на принтер, наводно препорака од ВМРО-ДПМНЕ до нивните гласачи да гласаат за број 14 И ДА ГО ЧКРТНАТ ЗБОРОТ СЕВЕРНА пред Македонија.
Единствена цел е да направат груба манипулација со дел од гласачите кои, ако би шкртнале било што на ливчето, ќе имаат неважечки глас.
Граѓаните го препознаа овој очаен обид на СДСМ.
Во овој очаен обид се приклучи и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски.