Македонија 16. декември 2018. / 15:33

(ФОТО)Генералот Ангелов и командантот на УЧК Зимбери положија цвеќе за загинатите цивили во 2001 година

(ФОТО)Генералот Ангелов и командантот на УЧК Зимбери положија цвеќе за загинатите цивили во 2001 година

Ветераните од конфликтот во 2001 година во Македонија, Стојанче Ангелов и Абедин Зимбери положија цвеќе на гробовите на колатералните цивилни жртви во Липково.

И двајцата повикаа на помирување од нивната силно емотивна средба во Липково генералот Ангелов објави запис.

– Прв пат, после 17 години, собрав сила да го посетaм т.н. Кризен, кумановско-липковски регион. Местата на кои во 2001-та се одвиваа неколку жестоки битки ми ги покажа, никој друг, туку лично мојот тогашен воен непријател, командантот на воената полиција на УЧК во овој регион, Абедин Зимбери. – пишува Ангелов.

Меѓу другото „верувај ми, безмалку сите Албанци во овој регион живеат тешко. Многу тешко. И не само овде. Поголемиот дел од Албанците, насекаде низ Македонија, живеат тешко“, му рекол Зимбери.

За тоа, кој победи во 2001-та, никогаш нема да се согласиме, но, за тоа, кој изгуби во 2001-та, целосно сме согласни.

Во 2001-та, во Македонија, изгубија сите. Изгубија Македонците, изгубија Албанците, изгубија сите македонски граѓани, пишува меѓу другото ангелов од емотивната средба во Липково.