Македонија 30. ноември 2020. / 16:03

(ФОТО) Додека другите ги почитуваат мерките од Ковид, натпреварот Струга и Шкендија се игра пред полни трибини?

(ФОТО) Додека другите ги почитуваат мерките од Ковид, натпреварот Струга и Шкендија се игра пред полни трибини?

Вчера се одигра 13-то коло на првата македонска лига каде ремизираа Струга и Шкендија. Но, она што остана впечатливо од овој натпревар не е резултатот, туку непочитувањето на мерките од Ковид-19.

На вчерашниот натпревар меѓу Струга Трим Лум и Шкендија домаќинот дојде во водство во 12. минута со гол на Александар Ристевски и долго време ја чуваа предноста, но не ја сочуваа до крај. Бесарт Ибраими на десет минути пред крајот изедначи за конечни 1-1.

Она што остана во очите на јавноста е непочитувањето на мерките од Ковид-19, односно тоа што овој натпревар се одигра пред полни трибини. Прашање е како во време на пандемија се дозволува натпревар пред полни трибини, без држење дистанца ниту придржување до мерките кои ги наложува Министерството за здравство.

Во продолжение може да ја видите сликата каде се забележуваат полните трибини во Струга.