Министерката за правда, Рената Дескоска, на подарок добила златна метла. Ваквиот гест, таа го искоментира на Фејсбук.
– Ви благодариме за овој златен подарок – златна метла. Златна метла во правда може да биде за метење криминал и корупција. Се надеваме дека со носењето на Законот за Јавното обвинителство ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охрабрете се – заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете криминалот и корупцијата! – напиша Дескоска.