Македонија 09. мај 2020. / 14:45

(ФОТО) „Бугарското срце“ подарено на македонската амбасада во Софија

(ФОТО) „Бугарското срце“ подарено на македонската амбасада во Софија

По повод Денот на Европа, со скулптура „Срцето на Бугарија“, Андреј Врабчев, симболично потенцираше дека единствениот начин за решавање на акумулираните спорови, просперитет и економски развој во нашите земји е европската интеграција, која можеме да ја постигнеме само рамо до рамо во мир и љубов кон соседот.

Со тоа, тој им посака на граѓаните на Република Македонија успешен почеток на преговарачкиот процес. со порака дека време е нашите земји да се поврзат инфраструктурно, културно и економски, со што ќе се обезбеди благосостојба на луѓето во нашите земји и стабилност во регионот.