Македонија 25. септември 2019. / 12:10

(ФОТО) Боки 13 пристигна кај Рускоска на увид на доказите против него

(ФОТО) Боки 13 пристигна кај Рускоска на увид на доказите против него

По еден ден пауза Бојан ЈовоановскиБоки 13 е спроведен од истражниот зaтвор Шутка во Обвинителството за организиран криминал и корупција, откако во понеделникот не сакаше да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска бидејќи не знае со какви докази располага таа, објави А1он. Тој денеска ќе направи увид во нив.

Третоосомничената во случајот „Рекет“, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, исто како и првоосомничениот Бојан ЈовановскиБоки 13, вчера во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција побара да направи увид во доказите, па потоа да го искористи правото да даде исказ.
Второосомничениот Зоран МилевскиКичеец ќе биде пуштен во домашен притвор.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, по излегувањето од ОЈО вчера рече дека нејзиниот клиент најпрво ќе го искористи правото да изврши лично увид во доказите, па потоа ќе даде исказ. Увидот во доказите ќе биде извршен в четврток. Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот Сојуз, Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори случајот „Рекет“ во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран МилевскиКичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Сите тројца се наоѓаат во притвор.