Македонија 18. јуни 2020. / 10:44

(ФОТО) Боки-13 дојде на пресудата за „Рекет“ со целосна заштита од корона-вирусот

(ФОТО) Боки-13 дојде на пресудата за „Рекет“ со целосна заштита од корона-вирусот

Во големата сала на Врховниот суд во секој момент треба да биде објавена пресудата во случајот „Рекет“.

Обвинетите, адвокатите, но и голем број припадници на медиумите веќе се во судските простории.

Најголемо внимание привлече Бојан Јовановски, не само затоа што е првобвинет во случајот, туку и поради тоа што Боки дојде во судница со целосна заштита од корона вирусот односно со ракавици, марама, очила, како и визир за заштита на лицето.