Македонија 23. февруари 2019. / 13:59

(ФОТО) Битолчани со огромна поддршка за Силјановска

(ФОТО) Битолчани со огромна поддршка за Силјановска

Професорката Гордана Силјановска Давкова која е претседателски кандидат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на идните претседателски избори во Република Македонија започна со собирање на 10 илјади граѓански потписи.

Професорката не мора да го прави тоа, бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.