Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во самоизолација во својата куќа во Зајас.
Фотографијата на Ахмети од самоизолација ја објави на Фејсбук неговиот брат Фекри Ахмети.
Останете дома! И следете ги препораките на надлежните. Да ја поминеме оваа пандемија лесно – порача братот на Ахмети заедно со објавената фотографија.
Од партијата велат дека по сугестии на сопартијците Ахмети е во самоизолација дома во Зајас. Тие му препорачале на лидерот да не доаѓа во партиското седиште во Мала Речица бидејќи кога тој е во Централата многу сопартијци доаѓале, а со тоа се зголемувал ризикот Ахмети или некој од партијата да се разболи.
Фотографијата на Ахмети во самоизолација ја објавија голем број медиуми на албански јазик, а дел од коментарите се дека ова е првпат во јавноста да се појави фотографија на лидерот на ДУИ на која тој не е избричен.