Македонија 08. јули 2018. / 22:44

Формирано прво македонско Здружение за кардијана, торакална, васкуларна и ендоваскуларна хирургија

Формирано прво македонско Здружение за кардијана, торакална, васкуларна и ендоваскуларна хирургија

Во склоп на Македонското Лекарско Друштво, во текот на минатиот месец, се формираше првото Македонско Здружение за кардијана, торакална, васкуларна и ендоваскуларна хирургија.

Последниве две декади, се период на евидентен развој на повеќе медицински гранки, а особено на кардиохирургијата, торакалната и васкуларната хирургија. Ова особено се должи на енормниот научен и посебно технолошки развиток, што најде свое адекватно место токму во овие субспецијалности.

Ова се случува и кај нас и токму затоа се роди потребата од здружението, за кое сметаме дека многу ќе допринесе во развитокот и популаризацијата на овие субспецијалности и кај нас, велат од Здружението.

Во здружението членуваат субспецијалисти од овие области од повеќе институции во Републиката, како Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, Универзитетската клиника за Торакална и Васкуларна хирургија, Универзитетската хируршка клиника Св.Наум Охридски,Универзитетската клиника за кардиологија, Првата приватна болница Ремедика и други.

За претседател на здружението е избран Проф.др.Сашко Јовев.

Потпретседател е Проф.др.Андреј Арсовски, генерален секретар др. Васил Папастиев, претседател на Управниот одбор е Доц.др.Р.Чоланчески,а потпретседател др. Марјан Шокаровски.