Македонија 27. јануари 2020. / 14:18

Фокус: Oткако ДПА стана дел од владата пријател на Тачи купил акции во „Интерпромет“

Фокус: Oткако ДПА стана дел од владата пријател на Тачи купил акции во „Интерпромет“

Oткако ДПА стана дел од владата кон средината на 2018 година, дошло до промени во сопственичката структура на тетовското друштво за стопанисување со деловен простор „Интерпомет“, каде уддели одамна поседуваат пријателот и братот на партискиот лидер Мендух Тачи, пишува Фокус.

Инаку, ова некогашно општествено претпријатие кое располага со деловен простор од 30 илјади квадратни метри беше приватизирано за време на владата на Љубчо Георгиевски и Арбен Џафери од 1998 до 2002 година. Иако некогашните работници кои беа помали акционери во компанијата долги години ја спореа законитоста на приватизацијата, сепак, на крајот на загубија битката.

Поточно, Фадиљ Адили, кој важи за близок пријател на Тачи, во 2000 година купил 41 отсто од акциите на „Интерпромет“ за сума од 800 илјади евра, иако вредноста на овој пакет се проценувала на околу 10 милиони евра. Затоа, по барање на Обвинителството, Врховниот суд во 2004 година донесе одлука за ревизија на купопродажбата на државниот капитал на претпријатието, по што спорните акции припаднале на државата, која потоа му ги предава на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

На тој начин, ПИОМ станал доминантен акционер на друштвото со 41 отсто од акциите се до 2007 година, кога продава 14 отсто од акциите, што се случува повторно во време кога на власт се ВМРО и ДПА. Впрочем, според Централниот депозитар на хартии од вредност, Адили од тетовското село Порој поседувал 34 отсто од акциите на „Интерпромет“ заклучно со 2018 година, додека на почетокот на минатата 2019 година дошол до бројката од 61 отсто.

Практично, тој ја зголемил сопственоста на хартии од вредност за 26 отсто, колку што поседуваше ПИОМ чиј директор моментално е кадарот на ДУИ Шаип Зендели. Односно, Фондот прво ги понудил сите над 18 илјади акции кон крајот на 2018 година по почетна цена од околу 50 евра по акција, но тогаш не се јавил ниту еден заинтересиран, па акциите пак биле ставена на продажба во јануари минатата година, при што овојпат ги купил Адили со почетна цена од околу 25 евра по акција, односно за 478 илјади евра.

На тој начин, Адили станал мнозински акционер со сопственост врз 61 отсто од акциите или скоро две третини. Веднаш после него, втор по големина акционер останува Харун Тачи, еден од браќата на лидерот на ДПА, кој поседува 23 отсто од акциите, додека останатите 16 отсто со номинална вредност од 50 евра се распределени меѓу 130 помали акционери.

Целиот текст на Фокус можете да го прочитате ТУКА.