Македонија 20. мај 2020. / 13:14

„Фокус“: Комисијата за Св. Кирил и Методиј и за Бајрам предлага 58-часовен карантин

„Фокус“: Комисијата за Св. Кирил и Методиј и за Бајрам предлага 58-часовен карантин

Полицискиот час да трае од 19 часот во сабота, па до вторник, до 5 утрината. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој е доставен до Владата, неофицијално дознава „Фокус“ од доброупатени извори.

Комисијата за заразни болести денеска расправаше за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците кои следат, како и за отворањето на угостителските објекти.

Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители СВ. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам. 

Денеска пак Владата треба да донесе одлука по овој предлог. Доколку биде прифатен, тоа значи дека ќе не очекува карантин од 58 часа.