Македонија 12. јуни 2018. / 13:15

Флекенштајн ги повика лидерите на ЕУ да отворат преговори со Македонија

Флекенштајн ги повика лидерите на ЕУ да отворат преговори со Македонија

Европратеникот Кнут Флекенштајн ги повика лидерите на ЕУ да отворат преговори со Македонија и Албанија на јунскиот Самит.

„Мора да биде јасно дека треба да делуваме во Македонија, има нов ветер таму, договорот со Бугарија го илустрира тоа, мораме да го поддржиме она што го направија Ципрас и Заев, а направија суштински напори да го решат спорот за името“, изјавил Флекенштајн денеска на пленарната седница на Европскиот парламент, пренесува МИА.

Според него, има напредок и во Албанија, а владеењето на правото е можеби подобро и од некои држави на ЕУ, па треба да се почнат преговорите со двете земји. Тој повика и на отворање нови преговарачки поглавја со Црна Гора и Србија, и напредок во либерализацијата на визниот режим со Косово, доколку се исполнети условите.

„ЕУ треба да се реформира, знаеме, но работите можат да одат паралелно, преговорите не значат дека сте член на ЕУ“, порача Флекенштајн.

Тој ја повика ЕУ да биде попристуна на Балканот и дека Самит со Западниот Балкан еднаш на петнаесет години не е доволно.