Екипата на Шкупи одби да се тестира како и сите други македонски прволигаши. Тоа денес го соопштија од Синдикатот на фудбалери на Македонија, кои во изминатите дена организираа групно тестирање на поголемиот дел од клубови на нашата територија.
Образложението на чаирчани беше дека тие не веруваат во овие тестови за ковид-19. Од СФМ на тимот му порачаа да се тестира било каде, доколку не верува во веродостојноста на нивната работа.