Македонија 23. март 2020. / 15:30

Филипче: Со отворањето на 14 пунтови за тестирање во функција се ставаат близу 1.200 матични лекари

Филипче: Со отворањето на 14 пунтови за тестирање во функција се ставаат близу 1.200 матични лекари

Од денеска се во функција 14 центри за тестирање односно за земање брисеви на целата територија, потврди министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Тој објасни дека со ова практично во функција ги ставаме сите близу 1200 матични лекари коишто ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите.

Секој граѓанин кој нема симптоми може да се јави кај својот матичен лекар на којшто ќе ја каже својата анамнеза односно епидемиолошка анкета. Согласно податоците матичниот лекар има електронски алгоритам кој ќе укаже на тоа дали е потребно тестирање или не и доколку е потребно кој е степенот на итност. Со тоа преку системот на „Мој термин“ ќе се закаже соодветно време во кое ќе се земе брис во еден од  14 пунктови ширум државата. Во Скопје во функција се ставени пунктовите во „Јане Сандански“ и во  „Ченто“, дополни Филипче.

Согласно итноста матичниот лекар закажува термин кога ќе бидат земени брисови кои ќе бидат испитани, за чии резултати пациентите ќе бидат известени. Според резултатите ќе се одлучува дали лекувањето ќе продолжи во домашни услови или на клиниката, а во целосна секојдневна комуникација и со матичните лекари и со сестра и со доктор од клиниката за инфективни болести.