Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека апсолутно не чуствува одговорност за зголемување на бројот на заразени од корона вирусот.
Апсолутно не. Сите мерки кои ги предлагавме до Владата беа издржани и аргументирани со многу параметри на дневна основа и на тие анализи кои се прават за период од две недели. Така се прави и кривата на преносливост и анализите и проценките како ќе се одвиваат натаму бројките. Секогаш има еден фактор што не може да се предвиди, а тоа беше што ова сега се случи – изјави Филипче.
Како што изјави Филипче, новата бројка на заболени е резултат на семејни собири и прослави во период од 23-25 мај, а тоа е јасно стои во епидемиолошките прашалници.
Огромен број луѓе веднаш кажуваат каде се движеле кога биле на гости колку чести биле тие контакти за време на семејните посети. Рестрикцијата на движење очигледно тогаш не се почитувала исто како и превентивните мерки за дистанца и носење маски – изјави Филипче.