Македонија 22. март 2020. / 20:43

Филипче: Ќе обезбедиме лекови против маларија, веќе има студии кои покажале ефект врз Ковид-19

Филипче: Ќе обезбедиме лекови против маларија, веќе има студии кои покажале ефект врз Ковид-19

Утре на состанок на Комисијата за заразни болести ќе дискутира и ќе се донесе став во врска со комбинација од хидроксихлорохин и азитромицин (антибиотици против маларија) за кои научниците тврдат дека се ефикасни во борбата против корона вирусот.

За ова информираше министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека во светот веќе има студии кои што укажуваат на тоа дека оваа комбинација на лекови дава соодветен ефект.

-Ние го имаме антибиотикот. Формата на лекови против маларија во овој момент ја нема. Имавме интензивна комуникација изминативе денови, така да верувам дека имаме шанси да добиеме соодветна количина на лекот, рече министерот Филипче.