Македонија 29. април 2020. / 14:39

Филипче излегува од изолација, негативен и вториот тест

Филипче излегува од изолација, негативен и вториот тест
Фото: архива

Негативен на корона вирус е и вториот тест на министерот за здравство Венко Филипче, кој резултатот го добил денеска.

Со тоа завршува и неговата 14-дневна изолација која беше на негова иницијатива иако, како што вели, епидемиолозите не сметале дека е во ризик.

-Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн-состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и сè функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката, истакна министерот Филипче во допис до медиумите.