Единаесет медицински лица од Кумановската болница се позитивни на коронав ирусот. Еден позитивен на корона вирусот е и медицински техничар од Инфектината клиника во Скопје, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филиче.
Оваа бројка на заразен медицински персонал во Куманово ја компромитира работата на инфективното одделение, рече министерот, затоа што и претходно имаше еден здравствен работник диојагностициран.
– Поради тоа упатени се двајца доктори еден од Скопје и еден од болницата во Штип кои ќе ја организираат работата на ова исклучително важно одделение во овој момент, рече Филипче.
Тој појасни дека се уште траат епидемиолошките анкети заради тоа што, како што рече, има повеќе позитивни лица од уште две одделенија за рендген дијагностика и во делот на општите лекари кои ја покриваат дежурната служба во Куманово.
-Врз основа на тие епидемиолошки анкети, а согласно тоа колку лица ќе бидат во самоизолација ќе се реорганизира и останатиот дел од болницата, односно другите одделенија. Согласно ова, согласно и денеска како и вчера одреден број нови дијагностицирани случаи во Куманово, денеска дискутираше и донесе одлука за продолжување на полицискиот час што ќе трае сега за викенд од вечерва 21 часот до понеделник 5 часот. Значи, целосно ќе биде ограничено движењето за време на викендот, а во работните денови почнувајќи од понеделник ќе биде како за време на викенд, односно наместо од 21 од 16 часот до 5 часот следниот ден, истакна министерот за здравство.
Во изминатите 24 часа во земјава има 46 нови случаи позитивни на коронавирусот. Во Скопје 13, во Куманово 23, Дебар 2, Прилеп 1, Тетово 2, Велес 2, Гостивар 1 и Гевгелија 2 пациенти. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 430 лица и според местото на живеење случај има во Скопје, Куманово, Дебар, Штип, Прилеп, Тетово, Струга, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и во Кочани. Денеска овие позитивни 46 тестови се од вкупно 389 направени, односно досега во нашата земја се направени 4.506 тестирања на КОВИД-19 вирусот.