Македонија 04. март 2019. / 15:08

Фетаи за Фокус: Ќе ја откриеме вистината за „Монструм“

Фетаи за Фокус: Ќе ја откриеме вистината за „Монструм“

Обвинителката Фатиме Фетаи во интервју за неделникот „Фокус“, истакна дека после седум години од петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, СЈО го презеде случајот „Монструм“ единствено заради една цел-вистината и сите ќе ја дознаат, а злосторниците ќе ја добијат заслужената казна.

Дали мотивот за егзекуцијата кај Смиљковско Езеро е исламски тероризам, Фетаи вели дека мотивот е повеќе за анализа од друг аспект, а по однос на казната која извршителите ја заслужиле воопшто не е битен и дека учесниците немаат никакви аргументи да не добијат доживотен затвор.

На прашањето дали стравува дека обвинетите може да избегаат, бидејќи се соочуваат со доживотен затвор, а не со притвор, Фетали истакна дека притворот по подигнување на обвинение е лимитиран во време, а во претходната постапка што сега се води одново е истрошен временскиот рок, речиси целосно. Во овој момент таа не може да каже ништо друго, освен дека е убедена во процесна правда за децата и за рибарот.