Македонија 04. март 2019. / 19:51

Фетаи: Сите ќе ја дознаат вистината за случајот „Монструм“

Фетаи: Сите ќе ја дознаат вистината за случајот „Монструм“

По седум години од петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, СЈО го презеде случајот „Монструм“ во свои раце. Обвинителката Фатиме Фетаи во интервју за неделникот „Фокус“, истакна дека ќе ја откријат вистината, а злосторниците ќе ја добијат заслужената казна.

На прашањето дали по седум години од петкратното убиство, јавноста, а пред сѐ родителите на убиените деца, конечно ќе ја дознаат вистината, Фетаи рече дека ќе се заложи сите да ја дознаат вистината.

СЈО го презеде и го застапува предметот „Монструм“, единствено заради таа цел – вистината. Уверувам дека како обвинителство ќе ги реализираме заложбите сите да ја дознаат вистината за извршителите и нивниот порив рече Фетаи.

Дали мотивот за егзекуцијата кај Смиљковско Езеро е исламски тероризам, како што беше според обвинението на Гордана Гешкоска, или се насочени во друга насока, Фетаи рече дека мотивот е повеќе за анализа од друг аспект, но по однос на казната која извршителите ја заслужиле воопшто не е битен.

 Можам само да кажам дека мотивот е повеќе за анализа од друг аспект, а по однос на казната која извршителите ја заслужиле воопшто не е битен, така што, оние кои учествувале во ова недело немаат многу аргументи да не добијат доживотен затвор, всушност немаат никакви вели Фетаи во интерву за Фокус.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.