„Во земјава се вратив неколку дена пред завршувањето на конференцијата во Дубровник која се одржа од 8 до 14 март.
Тогаш Хрватска не беше земја со среден ризик кога станува збор за епидемијата од коронавирусот, а и во Македонија тогаш не беа пропишани мерки за задолжителна самоизолација“, икзјави за „Плусинфо, обвинителката Фатиме Фетаи откако на социјалните мрежи деновиве се отвори прашањето дали таа се пријавила на македонските власти кога стапнала на македонска територија.
Јас ги почитувам мерките за заштита и самата не би си дозволила да избегнам самоизолација доколку навистина постоел ризик да бидам заразена, вели изјави Фетаи.
За нејзиното патување во Дубровник сведочат и фотографиите што на Фејсбук ги објави Правниот факултет од битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, но од друга страна, пак, интересно е тоа што истите тие фотографии по неколку дена беа избришани од социјалната мрежа, пишува „Плусинфо“.