Македонија 03. декември 2020. / 18:16

Фелингер предлага да се откажеме од историјата: Празниците 11-ти и 23-ти октомври се навредливи за Бугарија

Фелингер предлага да се откажеме од историјата: Празниците 11-ти и 23-ти октомври се навредливи за Бугарија

Гинтер Фелингер, австриски експерт и советник од невладиниот сектор за побрза интеграција на земјите од Балкан во ЕУ и во НАТО, во интервју за ТВ Алфа, дава предлог како би можел да се надмине спорот и ветото за Македонија што ги наметна Бугарија:

-Вие можете да направите неколку работи. Дозволете ми да сугерирам. Можете да ги промените вашите државни празници што се многу провокативни за Бугарија. Особено 23-ти октомври, денот на ВМРО. Тоа е многу проблематичен празник, кој неодамна почна да се празнува, вели Фелингер.

Тој исто така го смета и 11-ти октомври за проблематичен празник, кој за него претставува ден кога Македонците слават победа над Бугарите. Воедно смета дека тоа не е многу мудар наратив за една потенцијална современа членка на ЕУ.

-Би ви предложил тоа да не бидат државни празници, туку да бидат празници на вашите партии, на СДСМ и ВМРО. Нека не се празнуваат како државни празници. Ако ѝ дадете аргументи на Германија и ако покажете малку посмирен став во однос на проблемите со идентитетот, тогаш на г. Хајко Мас и г. Рот ќе им биде полесно да се договорат со Бугарија, додаде Фелингер.