Неколку минути откако Фејсбук ја избриша страната „Предавници – Traitors” на која група иселеници објавуваа видеа и фотографии од Македонци во Мелбурн кои излегоа на гласачко место за да гласаат на референдумот, истите формираа нова.
На социјалната мрежа фејсбук беа администрирани две такви страни, но и двете беа отстранети откако повеќе корисници реагираа и повикуваа страните да бидат пријавени поради нивната дискриминаторска содржина.