Македонија 13. септември 2018. / 09:37

Федерика Могерини денеска во Скопје ќе се сретне со државниот врв

Федерика Могерини денеска во Скопје ќе се сретне со државниот врв

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешни работи на Европската Унија денеска ќе престојува во Скопје и ќе има средби со македонскиот државен врв.

Могерини ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот Ѓорѓе Иванов и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Владината прес-служба соопшти дека Могерини и Заев ќе ја посетат Турската чаршија.

Од Кабинетот на Могерини соопштија дека на средбите ќе се разговара за иднината на односите и перспективата на интеграција на земјата во ЕУ. Посетата на Могерини е во пресрет на референдумот што ќе се одржи на 30 септември.