Македонија 30. јуни 2020. / 14:10

Фатиме Фетаи: Со згаснувањето на СЈО борбата за правда не застанува

Фатиме Фетаи: Со згаснувањето на СЈО борбата за правда не застанува

Поранешната обвинителка во СЈО, Фатиме Фетаи, смета дека со стапување на сила на новиот закон за јавно обвинителство, борбата за правда не застанува.

Тоа единствено претставува една нова законодавна рамка која ни дава можност на сите обвинители заеднички на нов начин да се справиме и да се бориме против криминалот. Како и на кој начин ние тоа ќе го искористиме зависи од сите обвинителите – изјави поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи.

Според новиот закон за јавно обвинителство кој стапува на сила од денеска, СЈО , кое беше формирано во 2015 година престанува со работа.