Најголемиот дел од граѓаните на Македонија остануваат силни поддржувачи на Европската Унија, дури 67.3 отсто сметаат дека членството би претставувало „добра работа“ за земјата и нејзините аспирации , а 701 отсто од нив членувањето го гледаат како „корисна работа“.
Трипати повеќе од есента во 2019 година, граѓаните на соседна Бугарија гледаат како најголем непријател на државата, додека пак најголемата доверба во институциите ја пружаат на армијата и полицијата, покажува последната анкета на Центарот за европски стратегии „Евротинк“.
Сепак, последните збиднувања поврзани со потенцијалното членство и ветото на Бугарија за почетокот на преговорите со Унијата, кај граѓаните изродија ново чувство на песимизам и
обесправеност. Дури 59.2 отсто сметаат дека односот на ЕУ кон Македонија е нефер, уценувачки и надмен. Процентот на оние кои мислат дека односот на ЕУ кон државата е фер и пријателски е намален дупло, 21 отсто.
Истражувањето на јавното мислење на „Евротинк“ ги доловува и очекувањата на македонскиот граѓанин во однос на влезот во ЕУ. Триесет и седум отсто веруваат дека земјата во следните пет години ќе се придружи на „европското семејество“, додека 26 отсто веруваат во влез во ЕУ во наредните 10-15 години. Шеснаесет отсто од испитаниците одговориле дека Македонија нема никогаш да влезе во Европската Унија.
Поголемиот животен стандард, намалувањето на невработеноста и поголемата демократија, претставуваат главни компоненти во размислувањата на граѓаните во правец на поддршка за членството. Оние кои делат дијаметрално спротивен став, како главни причини за одбивање на влез во ЕУ ги гледаат влошувањето на животниот стандард и повисоките цени, губењето на националниот идентите и иселувањето на младите.
Една третина од испитаниците во Бугарија гледаат како најголема закана. Бројката е трипати поголема од минатата година, дури 77.88 отсто.
Во однос на довербата или недовербата во институциите, македонските граѓани највеќе и веруваат на армијата, 63 отсто. Со оценка пет и четири како втори на оваа листа се појавуваат полицијата и религиозните заедници со 43 отсто.
Оценката за доволен и недоволен, според анкетата на „Евротинк“ ја добиваат на судството и обвинителството со 68 отсто покажана недоверба.
Центарот за европска стратегија ова анкета ја спроведува во периодот од 10 до 22 декември годинава, а 1003 испитаници ги изразиле своите ставови и гледишта.