Македонија 22. април 2020. / 15:15

Европската комисија предлага 160 милиони евра помош за Македонија

Европската комисија предлага 160 милиони евра помош за Македонија

Европската унија се подготвува поради пандемијата со корона вирус да обезбеди три милијарди евра микрофинансиска помош за десет земји, вклучувајќи го и Западен Балкан.

Европската комисија соопшти дека е прифатен предлогот за финансиска помош за десет земји како би се ограничило влијанието на Ковид-19 на нивните економии.

Според одлуката, Македонија би требало да прими помош од 160 милиони евра.

Останатите земји кои се опфатени со овој предлог се: Албанија на која ќе и биде испратена помош од 180 милиони евра, додека помошта за Грузија ќе изнесува 150, за Босна и Херцеговина 250 милиони евра, за Јордан 200, за Косово 100, Молдавија 100, за Црна Гора 60, како и за Тунис 600 милиони евра.

Најголема помош ќе биде испратена во Украина, а ќе изнесува 1,2 милијарди евра.

-Поддршката на нашите соседи е од суштинско значење за време на криза, за да го задржи целиот регион стабилен. Како дел од глобалниот одговор на ЕУ на пандемичниот корона вирус, треба да им помогнеме на соседните земји да го ублажат најлошото од нејзиното економско влијание, рече вицепретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровски, цитиран во соопштението за медиумите денеска.

Се очекува одобрување на поддршката од страна на Европскиот парламент и Советот на Европа.