Портпаролот на Европската Комисија, Маргаритис Шинас, во изјава за унгарскиот портал „168 часа“, рече дека Комисијата е свесна за ситуацијата со македонскиот екс-премиер Груевски, без да искаже поконкретен став околу севкупните случувања во случајот.
– Европската комисија не ги коментира тековните судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, што е услов и за земјите-членки и за земјите-кандидатки. Очекуваме сите страни строго да се придржуваат кон применливите правила. Ова е судски процес што не треба да се политизира- истакнал Шинас.