Македонија 29. август 2018. / 09:38

Евроамбасадорот Жбогар на средби ќе одговара на прашања од граѓаните

Евроамбасадорот Жбогар на средби ќе одговара на прашања од граѓаните

Граѓаните од денеска па во наредните неколку денови ќе можат директно да му поставуваат прашања на евроамбасадорот Самуел Жбогар за се што ги интересира.

Под мотото „Замислете ја иднината заедно”,  директоратот за проширување и соседства политика при Европската комисија ќе одржи серија дијалози ширум Македонија.

Темите се најразлични  од  животната средина, земјоделството, прекуграничната соработка, локален развој соодветни за општините во кои ќе се одржуваат панелите и средбите.

Овој настан кој го организира делегацијата на ЕК во Македонија денеска во Скопје и формално ќе го отвори директорот на директоратот за проширување и соседска политика при европската комисија Кристијан Даниелсон.

Делегацијата на ЕУ во земјава, исто така ќе организира работилници за финансиската помош на ЕУ во повеќе градови, каде граѓаните ќе можат да добијат информации за фондови, проекти, и да се советуваат како успешно да аплицираат за проекти.