Пишува: АХИЛ ГОЛЕМОВ
Кога бродот тоне, глувците први го напуштаат.
Оваа народна изрека е особено актуела последниве неколку денови. Бродот на сдс им тоне. И самите се свесни за тоа. Затоа почнаа да се појавуваат и првите глувци. Најнапред избега онаа несреќа наречена вицепремиер за економски прашања, инаку најблизок човек на Заев за тендери, па сега гледаме дека бродот го напушта и првиот советник на Заев за надворешна политика Дане Талевски. Ќе бил амбасадор во НАТО. Ок тоа, потребна ни е дипломатија, но на оваа со свиткана кичма и помина рокот. Што е ова брзање пред избори да се пополнат Амбасадите со партиски диоломати и Амбасадори по партиски заслуги? Одговорот на ова прашање ни го дава насловот на денешниот текст. Ова, дами и господа популарно се нарекува ЕВАКУАЦИЈА. Лицемерот Димитраки и нискоинтелигентниот Зајко брзаат да си ги згрижат блиските и партиски заслужни кадри во дипломатијата и бизнисот за да можат да продолжат со малтретирањето и цицањето на Македонија и македонскиот народ. Лицата кои се именувани за Амбасадори се ништо повеќе од обични партиски подлизурковци на кои најголем дипломатски дострел им е климањето со глава на партискиот нискоинтелигентен шеф.
Покрај тоа што ги прекршуваат сите правила на политички фер плеј, Димитраки и неговите полтрони во МНР ги прекршија и позитивните законски одредби за упатување на професионалец од МНР на служба во Амбасада или Конзулат. Имено, постои основан сомнеж дека при упатувањето на извесен партиски донатор на сдс како конзул во Солун се прекршени одредбите на постојниот Закон за надворешни работи. Донаторот имал ниско дипломатско звање а согласно ЗНР истиот морал да поседува високо дипломатско звање пред да биде именуван и упатен. Со оглед на тоа како го започнаа мандатот, нелегално, не се ни сомневам дека на ист таков начин и ќе го завршат. Апсолутно ништо во изминативе три години не беше направено на легален начин. Исто како и за време на претходните владеења на сдс, се изнагледавме на интриги, корупциски скандали, политички прогони и економско тонење.
Во екот на најголемиит корупциски скандал во историјата на Македонија, најнеспособната Влада во македонската историја се обидува да протурка десетици закони со коишто би ја задржале контролата во соодветните ресори и покрај изгубената доверба од народот и би продолжиле со разграбувањето и распродавањето на она што им е свето на Македонците и на Македонија. Само за илустрација, сегашниот МНР не ги исполнува условите за иден Амбасадор на Македонија согласно Законот којшто тој самиот го предлага. Ќе мора да го враќа Габер & Co. (oh wait, веќе ги врати!!??) од пензија за да има Амбасадори и раководен кадар во МНР. Тотална ерозија на вредносниот систем. Евакуацијата на сдс е започната. Јасно им е дека паѓаат. Јасно му е на секој Македонец, на секиј граѓанин на Македонија дека деновите на оваа власт и се одбројани. Наша задача е стоички да ги издржиме последните денови од ова инквизиторско практикување на власта и да спремиме проекти и начини на бодење на државата со кои ќе го вратиме достоинството и на Македонецот и ќе ги направиме горди нашите оредци и сите оние кои се бореле за самостојна, независна и слободна Македонија.