Eвропската унија не сака да ги коментира новите прислушувани разговори кои се појавија во јавноста. Оттаму велат дека властите сепак преземаат дејствија во врска со материјалите.
-Ние не коментираме за тековните истраги или постапки. Комисијата забележува дека властите преземаат акции во врска со неодамна објавените прислушувања – велат од ЕУ за Пресинг ТВ.