Овој проект опфаќа низа потпроекти и политики насочени кон намалување на пренатрупаноста и подобрување на условите за живот, на безбедноста и на хигиената преку реновирање и градење на нови објекти за тие цели, заради подобрување на перспективите за рехабилитација на осудените лица, како и заради подобрување на работните услови за вработените и подобрување на системите за безбедност.
Во 2009 година националните власти побараа поддршка од Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) за делумно финансирање на (ре)конструкција и опремување на четири казнено-поправни установи: Затвор Куманово, Казнено-поправен дом Идризово, Воспитно-поправен дом за малолетни лица Тетово и Затвор Скопје.
Поддршката на ЕУ опфати три кругa на грант со вкупна вредност од 1,95 милиони евра чија цел беше да го поддржат спроведувањето на овој приоритетен проект базиран на клучните стратегии на правосудството и казнено-поправниот сектор, да ги подобрат условите во казнено-поправната инфраструктура и да обезбедат успешна рехабилитација и социјална адаптација на осудените лица така што тие ќе можат повторно да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за независен живот.
Извор: mkd.mk