Македонија 28. март 2019. / 20:19

ЕУ и САД: Од огромна важност е СЈО да продолжи со работа

ЕУ и САД: Од огромна важност е СЈО да продолжи со работа

Јавното и Специјалното обвинителство се клучни за напорите на Северна Македонија загонење и борба против корупцијата и за враќање на вербата на јавноста во независен судски систем, пишуваат од Амбасадата на Соединетите Американски Држави на официјалниот профил на Фејсбук споделувајќи го соопштението на ЕУ за законот за јавно обвинителство. Од Амбасадата на САД се согласуваат со Делегацијата на ЕУ дека треба да се обезбедат капацитетите и независност на обвинителствата.

Во соопштението од евроамбасадорот Самуел Жбогар се наведува дека ЕУ ги повикува сите парламентарни политички партии да го усвојат законот, наведувајќи дека е од огромна важност СЈО да продолжи со гонењето на оние кои се одговорни, на сторителите, и тоа да го прави на професионален начин и независно.