Македонија 23. мај 2020. / 14:00

Емилија Динева загина во трагична несреќа, но нејзиното срце и бубрези спасија три животи

Емилија Динева загина во трагична несреќа, но нејзиното срце и бубрези спасија три животи

Во Македонија беше направена историска трансплантација на срце, истата беше успешна, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголема е жртвата на Емилија Динева.

Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа.

Од семејството на Динева за порталот „Читај.мк“ порачаа дека и други треба да го следат нивниот пример. Во најтешки мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.

Оваа вест може да се забележи на социјалните мрежи.