Агенцијата за национална безбедност која беше формирана како дел од реформата на безбедносниот систем пред да се оддели од МВР земала 4 пати повеќе оружје од што и е потребно за опремување на своите вработени, односно 4 пати повеќе парчиња оружје од што има припадници, тврдат долгогодишни професионални припадници на оваа служба, пишува Експрес.мк.
Едно од барањата, што актуелниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ги доставил до Владата, е на затворена седница таа да донесе одлука за враќање на оружјето во МВР, кое има потреба од него во случај на ангажирање на резервниот полициски соста.
Прв човек на АНБ е високиот функционер на СДСМ, Виктор Димовски, а во времето кога АНБ земала 4 пати повеќе оружје од што и е потребно на чело на МВР бил актуелниот технички премиер Оливер Спасовски, кој сега одбива да расправа на оваа тема и прашањето не го става на агендата на владата.
Зошто Спасовски не сака да се врати оружјето во МВР и зошто на АНБ и било потребно толкаво количество на оружје засега нема официјално објаснување.