Македонија 30. септември 2020. / 12:00

Екс-министерот Зоран Ставревски утре ќе сведочи во предметот „Траекторија“

Екс-министерот  Зоран Ставревски утре ќе сведочи во предметот „Траекторија“

Екс-министерот за финансии Зоран Ставревски утре ќе се јави во улога на сведок во предметот „Траекторија“.

„Траекторија“ го отвори поранешното СЈО и се однесува на кинеските кредити и изградбата на автопатите Скопје-Штип и Кичево-Охрид.

Во него како обвинети се јавуваат поранешниот премиер Никола Грувекси и екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.