Македонија 31. јануари 2020. / 12:18

Еколошкото здружение „Екогерила“ побара од Владата да ја прогласи Шар Планина за национален парк

Еколошкото здружение „Екогерила“ побара од Владата да ја прогласи Шар Планина за национален парк

Еколошкото здружение „Екогерила“ побара од Владата итно да ја прогласи Шар Планина за национален парк.

Владата постојано беше заинтересирана да го разбере напредокот на валоризацијата на вредностите на Шар Планина, документ што претставува основа за воведување на оваа територија во рамките на системот на заштитени подрачја, имено прогласување за национален парк. Валоризацијата е веќе завршена и експертите дадоа позитивна оценка. Екипата на експертите даде препорака дека оваа територија треба да биде прогласена за национален парк за да се заштитуваат флората и фауната, различните природни ресурси, вклучувајќи и различни минерали, но и плановите за развој на секоја засегнатата општина под територијата на Шар Планина, велат од „Екогерила“.

Од таму велат дека според нивни информации постои некаков облик на притисок од страна на интересните групи вклучени во изградбата на мали хидроцентрали субвенционирани од даночните обврзници кои бараат да го спречат прогласувањето на Шар Планина за националниот парк додека не ги реализираат своите проекти и да ги уништат околината и реките на Шара.

Овој вид притисок или лобирање од страна на хидромафијата не треба да биде земен предвид од граѓаните и Владата. Тие треба да дадат приоритет на заштитата на разни растителни и животински видови на планината Шара, заштитата на водните ресурси за жителите на подрачјата околу планината, а исто така и заштитата на шумите од масовната сеча, велат од „Екогерила“.