Македонија 26. февруари 2020. / 21:58

Екипи се упатуваат кон домовите на сопатниците на жената со корона вирус

Екипи се упатуваат кон домовите на сопатниците на жената со корона вирус

Министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашната прес конференција информираше дека се лоцирани сите 8 сопатници плус возачот на пациентката која има коронавирус. Според протоколот, полициски екипи ќе ги обезбедуваат домовите на овие лица, а ќе бидат лоцирани и сите лица кои биле во контакт со нив.

Со сите сопатници е контактирано телефонски и екипи на епидемиолози се упатуваат кон нивните домови. Нема да бидат тестирани, бидејќи тестот може да биде лажно негативен поради периодот на инкубација, и затоа ќе бидат изолирани и ќе се следи нивната состојба. Четворица од патниците се во Скопје, а петмина во Струмица, рече Филипче.

Тој додаде дека со оглед на тоа што заболената има 50 години, и со оглед на тоа што нема други состојби на белите дробови, пациентката има големи шанси да се излечи.