Македонија 22. јуни 2018. / 14:42

ЕК: Одлуката за започнување на преговори е во рацете на Советот на ЕУ

ЕК: Одлуката за започнување на преговори е во рацете на Советот на ЕУ

Европската комисија соопшти денеска дека во овогодишните извештаи за Македонија и за Албанија се препорачува почнување преговори за членство во Европската унија.

– Одлуката е во рацете на Советот на ЕУ, нагласи портпарол на Комисијата.

– Ние ја завршивме нашата работа, додаде тој.

Во вторник следната недела е предвидено Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на седница во Луксембург. Се очекува тогаш министрите да одлучат дали ЕУ ќе почне нови преговори.