Македонија 21. ноември 2018. / 09:47

Египќаните не сакаат да бидат асимилирани во Албанци или во Роми, бараат попис со графа за етничка припадност

Египќаните не сакаат да бидат асимилирани во Албанци или во Роми, бараат попис со графа за етничка припадност

Најавите за спроведување на попис на населението без графа за етничка и верска припадност за нас се вовед во административно претопување на посебната автохтона етничка заедница Египќани, во Албанци и Роми, реагира Демир Далип од неформалната граѓанска иницијатива Коалиција на Египќаните, пишува МКД.МК.

Тој во изјавата за МКД.мк вели дека на дел на Египќаните јазикот кој го говорат им е албанскиот, а децата главно посетуваат настава на македонски литературен јазик.

-Многу генерации од 1991 година, па сѐ до ден денес завршиле образование на македонски јазик. Може да дојде и до претопување во Роми затоа што некои од припадниците на Египќаните беа принудени да се изјаснуваат како Роми, а сѐ со цел да остварат некое право, загарантирано со Уставот на Република Македонија. На овие најави за пописот реагираат и Ромите затоа што многумина од нив го зборуваат турскиот јазик. За Египќаните ваквиот попис е неприфатлив затоа што има силни елементи на асимилација, што не е демократска придобивка. Ние сме за унитарна Македонија, вели Демир Далип од НГИ Коалицијата на Египќаните.